ЈП Водовод Охрид во понеделник, 26 септември, ќе започне со санирање на големиот декет на улица „АСНОМ“ каде при изведба на градежни работи беше оштетена водоводна цевка со голем пречник.

Ќе се постави нова водоводна цевка со профил ф 350 мм на улицата „Асном“, која пред неколку месеци беше оштетена при изведување градежни активности од страна на приватна градежна компанија. – информира ЈП Водовод.

Поради санацијата на оштетениот водовод, ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од овој реон.

Се известуваат корисниците од улицата „Асном“ (на потегот од маркетот Тамаро до 110ката) дека овој ден во период од 08:00 до 19:00 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето, а со намален притисок водоснабдувањето ќе биде на улиците „Галичица“, „Мирче Ацев“, „Никола Карев“ и дел од бул. „Туристичка“, информираат од претпријатието.

OhridNews