Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес до 13:00 часот ќе има прекин во водоснабдување на улиците: „АСНОМ“, „ Галичица“, „Мирче Ацев“ и „Ванчо Питошески“.А поради друг дефект во населбата Бејбунар, во високите зони на населбите Бејбунар и Видобишта ќе има намален притисок, соопшти МЈП Проаква.

Екипите на МЈП Проаква се на терен и ќе работат се до отстранување на дефектите.

OhridNews