Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека поради настанат дефект, денеска, среда 3- ти септември, прекин во снабдувањето со вода до 17 часот ќе има на улицата Крали Марко, а до 13 часот на улиците Прва македонска ударна бригада, Питу Гули па се до населбата Стобекс.
Прекин во водоснабдувањето има и во населбата Гоце Делчев. Од претпријатието информираат дека дефектот за кратко време ќе биде отстранет и дека се очекува нормализирање на водоснабдувањето по 11 часот.
OhridNews