Од МЈП Проаква информираат дека поради интервенција на водоводната мрежа, денес, до 13 часот прекин во снабдувањето со вода ќе имаат следните улици: „Гоце Делчев“ на потегот од Чинарот до Дрвара, „Момчило Јорданоски“ и „ Марко Цепенков“.

Од јавното претпријатие информираат дека прекин во водоснабдувањето до 16 часот ќе има и на потегот од населба Елешец до село Пештани .

OhridNews