Денес поради интервенција на водоводната мрежа, прекин во снабдувањето со вода во период од 8 до 13 часот има на делови од улиците: Никола Карев, Галичица, Мирче Ацев, Биљанини извори, Ванчо Питошески. Додека на улица Стив Наумов, поради отклонување на настанат дефект во текот на ноќта, прекин во снабдувањето со вода ќе има до 15 часот.

Ова соопштение како и многу пати до сега од МЈП Проаква го даваат со задоцнување, односно неколку часа по прекинот во снабдувањето со вода. Логично би било информациите од овој вид на граѓаните да им се соопштуваат најмалку еден ден пред прекинот, во вид на најава.   

OhridNews