Натпреварот од првата ракометна лига помеѓу Ринија и Охрид не го дочека својот крај. Според информациите од охридскиот табор, до прекинот дошло откако нападнат бил еден ракометар на Охрид 2011.


Ракометарите се повлекле во соблекувалната и одбиле да го продолжат мечот. По половина час минат во соблекувалните, со помош на полицијата охридските ракометари биле извлечени.

Втора година во низа охриѓани се соочуваат со проблеми на гостувањето во Ринија. Минатата сезона присебноста на охридските ракометари спречи поголем инцидент.

Мх.П.