Според последните информации, Штрајкот на Грчките Цариници е прекинат утринава во 06,00 часот и сообраќајот е повторно нормализиран со Грција. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози. Посебна внимателност се препорачува на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. 
OhridNews