Како што веќе објавивме, инспекторите денеска го повикале сопственикот на фирмите за кои се води истрага, на завршен разговор во подрачната единица на УЈП во Охрид, кoја е сместена во зградата на Локалната самоуправа. Неофицијално, се проверува случај на затајување данок
во поголем износ, но засега не се соопштуваат никакви детали околу
истрагата.
Истовремено со активностите на инспекторите на УЈП, во големата сала на општината се одвиваше јавна расправа по Нацрт деталниот урбанистички план за делови од строгиот центар во Охрид, што предизвика разни шпекулации во јавноста.