Заедничката седница на Сенатот и на Претставничкиот дом на САД за одобрување на резултатите од претседателските избори во ноември беше прекината, a законодавниот дом на САД e затворен откако поддржувачи на Трамп упаднале во зградата и ја опкружиле сенатската сала за заседанија на Конгресот.

Поради ова, постапката за сертификација на изборите е прекината, а од безбедносни причини на сенаторите им било укажано да останат во салата.

Настаните ескалирале веднаш по говорот на претседателот Доналд Трамп.

Трамп испрати неколку Твитер пораки во меѓуврeме, но не кажа ништо во врска со продорот на демонстранти во Конгрeсот.

Непосредно по инцидентот во Вашингтон е воведен полициски час. Си-ен-ен, пак јави дека потпретседателот на САД, Мајк Пенс, е евакуиран од Конгресот на САД.

Демонстрантите упаднале и во канцеларијата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, но се уште е непознато дали таа била таму.

Дел од американските медиуми јавија дека една жена е повредена од огнено оружје.

Во меѓувреме американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша „Ве молам пружете поддршка на нашата полиција на Капитол и на силите на редот. Тие се на вистинската страна на нашата земја. Останете мирни“.

OhridNews