Финалето од Роланд Гарос помеѓу двата најдобри тенисери Ѓоковиќ и Рафаел Надал не го дочека својот крај. По два прекини поради дожд службените лица на турнирот решија да го прекинат мечот, и да го презакажат за денес.


При прекинот Надал има предност од 2-1 во сетови, а негатива од 2-1 во гемови. Прв пат после 39 години шампионот на Роланд Гарос ќе се добие в понеделник.

Мх.П.