Кичевски Велазерими го однесе целиот плен од Охрид победувајќи со 2-1 (1-1) во првиот натпревар од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. Гостите до водство а потоа и конечна победа стигнаа со голови од прекини. Првиот погодок го постигнаа во седмата додека вториот во деведесеттата а измеѓу стрелаше Охрид, кој успеа да изедначи.

„Рибарите“, втора шанса, за први бодови во второлигашкото друштво ќе имаат следниот викенд на домашен терен против Гостивар.

OhridNews

 

Реакции после натпреварот Охрид – Велазерими

Финишот кобен за „рибарите“, Велазерими ги однесе бодовите од Охрид