Учениците и наставниците од ОУ “Ванчо Николески” – Лескоец заедно со подрачните училишта од Косел,Куратица и Вапила, во рамки на годишната програма за работа, вчера реализираа еднодневна екскурзија во националниот парк Галичица.
Во убава атмосфера и одлично расположение, екскурзијаните со автобуси се искачија на планинската убавица и се распослаа на над 1400 метри надморска височина, во излетничкото место Корита. Уживаа во природата и реткоубавата глетка која се пружа од видиковецот Коритски Рид.
Во прилог на екскурзијаните им одеше и времето, кое, иако есенско октомвриско, ги почести со октомвиско сонце.
Организаторите, задоволни од излетоатија пофални зборови до Националниот парккој пред неколку години комплетно го подготви ова излетничко место за посетителите.
– Децата знаат да и се радуваат на убавите предели и планината им возвраќа со своите пејзажи и недогледни глетки убавина. Возрасните имааат одличен мотив да направат нешто повеќе за децата и за планината. Ние наставниците направивме мал чекор до Корита и до Коритски Рид: мал чекор , но голем подарок занашите ученици кои за спомен си направија бројни фотографии…за да ги гледаат и пак да дојдат-велат од ОУ “Ванчо Николески”.
OhridNews
фото: Дим Дон
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com