Во првите шест месеци од годинава, на вкупно 71 родител во земјава им била поднесена прекршочна пријава, бидејќи не ги однеле децата на задолжително вакцинирање.
Според информациите на „Здравство24“ од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, осум од пријавите се за вакцината ХПВ, додека 63 за останатите од календарот за имунизација.
Инаку, на родителите им се заканува казна во висина од 300 до 650 евра поради непочитување на законите.
OhridNews