Според информациите на СВР- Охрид, во вчерашната тепачка во Струга  учествувале 9 ученици од струшкото средно училиште „Ибраим Темо„ и Електро- машинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски„ од Охрид.

Пријавените, вчера во 13 часот и 40 минути на улицата „15 корпус„ во близина на автобуската постојка го нарушиле јавниот ред и мир  и предизвикале меѓусебна тепачка во која бил употребен еден метален бокс со кој на две лица им се нанесени телесни повреди во пределот на главата и лицето.

Во меѓусебната физичка пресметка која траела 4 до 5 минути, пријавените си размениле удари со тупаници и удари со нозе, притоа предизвикувајќи лесни повреди- огреботини и црвенило по телото. По брзата интервенција на полициските службеници, тепачката била прекината,  а учесниците биле повикани во струшката Полициска станица.

Според изјавите на инволвираните учесници, причина за тепачката била меѓусебната нетрпеливост и нерасчистени односи, на што претходела вербална расправија која се случила пред неколку недели на истата автобуска станица.  

Против четирите средношколци од Охрид и пет од Струга поднесена е прекршочна пријава.

OhridNews