Прекршочни пријави за 20 навивачи на фудбалските клубови Тетекс и Шкендија, како и против двата фудбалски клубови, соопштува МВР. Пријавите следуваат по инцидентите што се случија на трети овој месец по натпреварот меѓу двата тетовски прволигаши.
Од 20-те навивачи, против кои ќе следуваат пријави, 18 се навивачи на „Шкендија“, а двајца на „Тетекс“. „Фудбалските клубови Тетекс и Шкендија се пријавуваат дека ги прекршиле одредбите на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари“ се вели во соопштението на МВР.
Нетрпението меѓу навивачките групи „балисти“ на Шкендија и „војводи“ на Тетекс беа присутни за време на самиот натпревар, но најголемите инциденти избија по натпреварот. Се фрлаа камења кон специјалците, а беа демолирани и неколку дуќани.
Инцидентот што се случи во Кичево, на полувремето на натпреварот меѓу Шкендија и Напредок,кога беше симнато македонското знаме, а беше поставено албанско, се уште не е целосно расчистен.МВР поднесе кривична пријава за еден тетовец кој се сомничи дека поставил знамиња на Албанија. Сè уште е непознат сторителот што го симнал државното знаме од јарболот на стадионот.
Полициската станица од Кичево поднесе и прекршочни пријави против 11 лица од кои пет се членови на навивачката група „Балисти“, а шест од навивачката група „Ѓаоли“.
Во одлична спортска атмосфера беа одиграни вторите четвртфинални натпревари од турнирот во футсал Ohrid FREED 2025, со што се заокружи и листата на четирите најдобри екипи кои ќе се борат за место ...
Градот Охрид повторно ќе биде домаќин на спортски спектакл, турнир во баскет 3×3 Охрид 2025, кој ќе се одржи од 6 до 8 декември во спортската сала „Билјанини Извори“ Настанот е организиран од ...
Во возбудлива вечер полна со енергија и натпреварувачки дух, завршија првите два четвртфинални натпревари од турнирот во футсал „Ohrid FREED 2025“, кои понудија одличен футсал, динамични дуели и не...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.