Преку 100 лица во социјален ризик, стари, осамени, лица со хендикеп, добија вкусен оброк во своите домови, приготвен од учениците и професорите на средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, а доставен од страна на тимовите за логистика на Црвен крст Охрид и ученици од училиштето.
Со тоа беше реализирана хуманитарната акција на Црвен крст Охрид и РЦСОО „Ванчо Питошески“ за обезбедување на предновогодишни топли оброци за социјално загрозени семејства во Охрид.
Хуманитарната акција ја поддржа и во неа се вклучи и Факултетот за туризам и угостителство од Охрид кој во рамки на фестивалот „Купувај локално“ обезбеди храна приготвена од локални производители на храна, која волонтерите на Црвен крст Охрид ја доставија до уште 30 лица во социјален ризик, информираат од организацијата.

OhridNews











