Студентите од земјава, кои припаѓаат на социјално ранливи семејства со ниски месечни примања, искористија вкупно 5170 ваучери за набавка на компјутери.
Планот е во рамките на проектот за доделување вредносни бонови, со цел студентите да ги искористат компјутерите за напредок во образованието и да бидат во чекор со ИТ технологијата.
„Проектот завршува успешно, а сите фактури од компаниите ќе бидат исплатени до крајот на годината. Со 5.170 ваучери во стопанството директно се пуштија 80.135.000 милиони денари. Сите оние кои активно се вклучиија во проектот на некој начин имаат голем бенефит од него.“ – изјави Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
Инаку, ваучерите се наменети и за студентите, кои се евидентирани како лица со посебни потреби.
OhridNews