Германската телевизиска станица АРД објави дека во таа земја од 2005 година досега биле наместени повеќе од 60 фудбалски меча. Анонимен сведок со потекло од поранешна Југославија призна дека заедно со Хрватот Анте Шапина учествувал во местењето мечеви.
Европскиот фудбал моментно го потресува најголемиот обложувачки скандал со наместени средби. Сведокот признал дека учествувал во местење на пет мечеви од Бундеслигата и голем број на средби од пониските лиги. Според изјавите, еден клуб од втората лига во 2007 година намерно ги загубил последните два меча и поради тоа испаднал.
– Тоа се случи пред крајот на сезоната. Клубот загуби шест бода и испадна од лигата. Интересно е што многу луѓе од клубовите и многу играчи беа заинтересирани за местење на мечевите. Во 80 отсто од случаите нашите манипулации беа успешни и го заработувавме тоа што сакавме да го добиеме – вели анонимниот сведок за АРД телевизијата, во емисијата „Факти“.
ГРК Охрид денес ја пречекува екипата на РК Струга во рамки на второто коло од ракометната Супер лига Ракометарите на Охрид велат се фаворити на овој натпревар и упатуваат повик до охриѓани и навива...
Кошаркарските репрезентации на Турција и Германија ќе се сретнат во финалето на ФИБА Евробаскет 2025 Двата тима сè уште не се поразени на првенството, но тоа ќе се промени во недела во Рига, Латвиј...
ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид по повод Денот на ослободувањето на Охрид – 7 Ноември, по трет пат организира турнир во мал фудбал „Futsal OHRID FREED 2025“, на кој ќе настапат екипи на ј...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.