Градоначалникот Јован Стојаноски имаше работна средба со Никола Бертолини раководител на секторот за соработка  на Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

На средбата се разговараше за  прекуграничната соработка и искористување на ИПА програмите на Европската Унија  во областа на земјоделството и руралниот развој, образованието, како и за конкурентноста и економското окружување. Посебно беше потенцирано дека е потребна зголемена соработка со невладиниот сектор кој со  нивните активности видно придонесува за развој на граѓанското општество.

OhridNews