Согласно одлуката на Влада за забрана за движење во шумските предели, Јавна Установа Национален Парк Галичица, спроведувајќи ја истата, соопштува дека преку Галичица е дозволен само транзит по асфалтниот пат без напуштање на истиот.
Деновиве сме сведоци на значително зголемени температури, зголемена фреквенција на посетители и зголемена опасност од пожари, а во некои делови од државата и од ширење на веќе активни пожари.Заради тоа, а со цел заштита на личната безбедност на посетителите и граѓаните,а ја информира јавноста за одлуката на Владата на Република Северна Македонија за целосна забрана за движење низ шумските подрачја.Одлуката од страна на Владата стапува на сила од денес, 3 август, а ќе трае до одповикување на истата, информираат од ЈУНП Галичица.
OhridNews












