Имаме среќа на некој начин што сме во Охрид како туристички центар и работиме и во лето, вадиме некој денар и може да ги покриеме трошоците поврзани со платите, но и со режиските трошоци, изјави во емисијата „Напладне“ на OhridNews директорот на Државниот студентски дом „Никола Карев” во Охрид, Жарко Куциноски.
Летниот период имаме можност да работиме како хотел, со тоа што во јули и август ни се целосно исполнети местата. Оваа година од 1 јануари до 5 октомври имаме остварено 5000 ноќевања, што споредбено со минатата година е повеќе за 1500 ноќевања, вели Куциноски.
OhridNews











