Секторот за туризам и локален економски развој во текот на 2014, ќе организира серија обуки на давателите на услуги во туристичко – угостителскиот сектор. Целта на обуките е да се изврши стручно усовршување на одредени квалификации во однос на видот и начинот на давање на услуги во туристичкиот и угостителскиот сектор во однос на приготвувањето и послужувањето на храна, однесувањето на угостителските работници, како и промоција и маркетинг на услугите.

Обуките кои се дел од програмата за поттикнување на развој на туризмот за 2014,  ќе се организираат во соработка со Факултетот за Туризам и Угостителство, како и со други институции кои се специјализирани за оваа област. Како што потенцираат од ТЛЕР, се очекува со реализацијата на овие обуки да се подигне квалитетот на сервисот и услугите во туристичко-угостителскиот сектор.

OhridNews