Ноќеска, непознат сторител преку отворен прозор, влегол во објектот „Лихнида“ кој функционира во рамки на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и украл еден телевизор.

Како што информираат од СВР- Охрид, при извршениот увид, не се откриени траги на насилно обивање, а крадецот влегол и излегол од објектот преку отворениот прозор.

Се работи на откривање на сторителот на кражбата.

OhridNews