Во рамки на активностите за одбележување на Светскиот ден на срцето, ЈЗУ Завод за превенција лекување и рехабилитација -Охрид, денес на градскиот пллоштад  вршеше бесплатни прегледи. Во специјално поставениот шатор екипа на доктори и медицински персонал од заводот изврши преглед на повеќе од 150 заинтересирани охриѓани, но и странски туристи кои случајно се затекнаа.


–  Одзивот на граѓаните е голем, поради што одлучивме и да го продолжиме времетраењето на акцијата. Целта на ваквите акции пред се е да се подигне свеста на луѓето околу грижата за сопственото здравје и намалување на ризик факторите, потенцира д- р Марија Зимбова, специјалист интернист.

Како што истакна д- р Зимбова, секој поединец може да делува врз ризик факторите кои може да придонесат до појава на срцеви и друг вид заболувања.


–  Со намалување и справување со стресот, откажувањето на цигарите, редовната физичка активност, контрола на нивото на маснотии, шеќер во крвта, како и високиот крвен притисок, секој може превентивно да делува врз појавата на заболувањата, вели д- р Зимбова.

Денешната акција се реализира под мотото на Светската федерација на срце „Еден свет, еден дом, едно срце“.

OhridNews