Преку проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“ на Центарот за развој на Југозападен плански регион обезбедена опрема за ЈП„Водовод“ Охрид.

Станува збор за два режачи за пилинг и еден електричен ударен чекан, опрема што треба да придонесе за континуирано, сигурно и квалитетно водоснабдување за граѓаните на Општина Охрид, преку побрзо и поефикасно отстранување на дефектите во водоводната мрежа, велат од Центарот.

Со набавката на опремата се унапредува ефикасноста во управувањето со системот, се намалува времето на интервенција и се овозможуваат поквалитетни услуги за граѓаните, потенцираат.

Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој, во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, а го реализираше Центарот за развој на Југозападен плански регион.

OhridNews