Во периодот од 22 до 29 јануари 2022 година во Винковци-Република Хрватска, престојуваа ученици и наставници од РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид во рамките на Еразмус+ проектот „Развивање на клучни компетенции во туризмот“.
Учениците во „Средното стручно училиште Винковци“ учествуваа во неколку работилници на кои помеѓу останатото беше прикажана поврзаноста помеѓу здравата исхрана и послужувањето на вино. Во рамките на проектот ги посетија градовите Осијек и Загреб, а беа гости и во средното стручно училиште во Илок и ја посетија една од најстарите и најголемите винарии во Хрватска – „Илочки подруми“, во која им беше презентирано виното кое се пие и на дворот на кралицата Елизабета II, информираат од училиштето.
Наставниците заедно со своите колеги од Хрватска беа ангажирани и во наставниот процес. Исто така имаа прием и кај градоначалникот на Винковци господинот Иван Босанчиќ.
Учениците остануваат уште две седмици во кои што келнерите и готвачите ќе обавуваат практична настава во ресторанот „Сан“, а хотелско туристичките техничари во хотелот „Славонија“.
OhridNews













