Преку проект за енергетска ефикаснот ќе се подобруваат условите со државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид. Директорот на установата, Жарко Куциноски, вели проектот веќе две години постои и истиот го реализира Германската развојна банка (KfW) заедно со Владата на РСМ, а од јануари ќе започнат активности во Скопје, по што следи и Охрид.
Стану забор за проект кој ги опфаќа сите студентските домови во Македонија во кои влегува и студентскиот дом во Охрид. Во јануари започнува со реновирање и реконструкција домот Кузман Јосифовски Питу во Скопје, а веќе во вториот дел е домот во Охрид. Проектот е за енергетска ефикаснот, каде ќе биде опфатен целиот студентски дом. Има некаде околу 2 милиони евра предвидени за нашиот студентски дом, каде вклучени се фасадата, кровот, канцелариите, рецепцијата, собите, кујна, ресторан…, вели Куциноски.
Потенцира дека со ова значително ќе се подобрат условите во студентскиот дом.
Проектот/Програмата „Обнова на енергетската ефикасност во студентските домови во Северна Македонија“ се однесува на унапредување на енергетски-ефикасна реконструкција и модернизација на избрани јавни објекти во образовниот сектор (државни студентски домови) во Република Северна Македонија.
Конкретно ќе придонесе за зголемување на енергетската ефикасност, структурниот интегритет и основната удобност во студентските домови, а програмата се фокусира на државните студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и Штип.
Н.С.Ј.












