Општина Охрид објави Јавен повик за евидентирани невработени лица за вклучување во програмата Општинско – корисна работа. Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на образовни асистенти.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право, се наведува во повикот.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест, стои во повикот.
Право на учество имаат сите невработени лица, а предност ќе имаат оние кои прв пат се јавуваат за учество.
OhridNews