Општина Охрид четврта година по ред ангажира невработени лица преку програмата „Општинско- корисна работа“ која е дел од поголемиот проект за оддржливи вработувања и се спроведува со поддршка на Агенција за вработување на Македонија и UNDP. Станува збор за активност која на долгорочно невработени лица им нуди шанса за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време, со цел стекнување на одредени вештини за полесно и постепено вклучување на пазарот на труд.
Општина Охрид оваа година ќе ангажира 10 лица во детската градинака ЈОУДГ Јасна Ристеска со цел да се подобри воспитно-едукативната и образовна програма на најмладите во општината. Ќе бидат ангажирани следните профили: воспитувачи и негователи. Со оваа програма, конкретно лицата ќе бидат ангажирани во интервал од 6 месеци, ќе добиваат месечен надоместок од 6.200 денари за 20 работни часа во неделата, со вклучен персонален данок, добиваат можност да се стекнат со нови работни вештини и работно искуство. Статусот на невработено лице останува непроменет и на невработените лица- корисници на социјална помош ќе им мирува остварувањето на ова право до истекот на работниот ангажман.
Огласот за пријавување од страна на Општина Охрид е објавен на официјалната веб страница на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk заинтересираните ќе можат да се информираат и да се пријават во Центарот за вработување Охрид.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
– Млади лица до 29 години со ниски квалификации;
– Невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку една година;
– Млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци;
– Родители на деца со пречки во развојот;
– Родители на три и повеќе деца;
– Самохрани родители;
– Родители на деца на улица;
– Жртви на семејно насилство
OhridNews












