Скопскиот маратон се најде на листата на Светската асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) за трки за 2011 година, на кои ќе може да се исполни норма за учество на Светското првенство во атлетика и за Олимписките игри во Лондон во 2012.

Маратонот во Скопје, планиран за 8 мај, оваа година ќе биде и Балканско првенство во маратон.

Покрај Скопскиот маратон, од Балканот на оваа листа се уште само Атинскиот и Истанбулскиот маратон.

Нормата за учество на СП во Даегу за мажите е 2 часа и 17 минути, додека за жените е 2 часа и 43 минути.

Нормите за учество на ОИ во Лондон ќе бидат објавени во април годинава.

Ohridnews