Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „загрозување на сигурноста” и „злоупотреба на лични податоци”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 60-годишно лице од охридското село Лескоец.

– Тој, во период од 13-ти до 18-ти минатиот месец, од неговиот мобилен телефон упатувал смс пораки со навредлива содржина, а потоа смс  пораки со сериозни закани по животот и сигурноста на жена од Охрид со што, предизвикал чувство на страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Пријавениот на неговиот фејсбук профил без согласност од оштетената објавувал слики кои претходно ги прибрал од нејзиниот фејзбук профил под кои пишувал текст со навредлива содржина, нанесувајќи и штета по нејзиното достоинство.

OhridNews