На последно одржаната 30- та по ред седница, Владата го усвои Акциониот план за промоција на конгресниот туризам, кој меѓу другото, вклучува создавање на единствена база на информации за сите конгресни сали во Република Македонија и агенции кои што организираат семинари и конференции, која ќе биде промовирана на веб страната на Мацедониа Тимелесс и во печатени брошури за конгресен туризам.

Од страна на Владата е усвоен Акциониот план за креирање на база на податоци во дигитална форма која би ги опфатила сите постоечки слики, брошури, книги, видео записи за Македонија, туристички спотови, како и презентации за туристичките потенцијали на локално, регионално и на национално ниво.

На вчерашната седница, Владата го усвои и Акциониот план за поддршка на креирање на тренинг центри за туризам и угостителството кој ќе се реализира преку ваучери за финансирање и кофинансирање, за кои што Министерството за економија ќе подготви посебен Закон.

OhridNews