Втор по ред настан организиран во изминативе три дена со цел продолжување на континуитет на тоа што е предвидено во рамките на имплеметација на проектот „OHRID GO“, со посебен акцент на Стар ап центарот.
Целта ни е да ги задржиме младите луѓе тука, па така на самава работилница и на претходната таргет ни се младите луѓе пред се студентите и професорите од Факулетот за информатичи технологии од Охрид, луѓе кои веќе имаат започнато одреден таков или сличен бизнис, истакна Ѓоко Апостолов, претставник од ТЛЕР.
Целта ни е да ги вклучиме односно мобилизираме младите со тоа што ќе им овозможиме одлични услови за работа во Старт ап центарот или во Иновативниот Хаб. Тоа што ние правиме е да овозможиме услови за нивна работа и да придонесеме за поврзување преку гостување на вакви луѓе. Предвидени се дваесет и шест менторства за време траење на овој проект кои се насочени исклучиво кон обучување и насочување на оние лица кои сакаат да творат, односно како нивната креативност и желбата за работа да ја насочат, но и да им овозможиме услови за работа од една страна, а од друга страна да ги вклучиме во тоа вмрежување од каде што понатаму ќе можат активно да ги надградуваат овие нивни идеи. Познато е дека во светски рамки 90% од формираните Стартапи се неуспешни. Така да ние во наредниот период додека е имплементацијата на овој проект ако успееме еден или два Старапи да ги формираме односно да ги одржиме сметам дека тоа би било успех затоа што ќе се стави основа како понатаму да го земаме како нивна практика моделот за продолжување на оваа работа, рече Апостолов.

Многу голем дел од нашите девелопери се вклучени во вакви стартапи и тука има огромен потенцијал зошто и вие како место со ваков потенцијал од областа на ИТ, да не бидете следните што ќе работат на такви идеи и иновации со кои ќе се поддржи локалната економија. 25% од економијата е токму од овој сектор кои плаќаат даноци и тоа е моторот позади таа економија. Овој процент е огромна бројка и би сакал истиот модел да го имплементира тука преку менторства и едукација. Придонесот е голем во локалната економија, не само како ИКТ сектор, но тие луѓе кои работат во овој сектор придонесуваат и за локалните бизниси околу. Плаќаат даноци, идат и промовираат ресторани итн. Парите што ги генерираа ги трошат во инвестиции, но остануваат тука. Се создава еден цел екосистем на потрошувачка на пари. Фокусот е на луѓето кои живеат тука. Идејата е тие луѓе да останат, да работата тука, да придонесуваат во целата економија, да не шетаат околу, бидејќи потенцијалот е тука потенцира Мизрахи.

Н.С.Ј.












