Управувањето со водните ресурси во регионот влегува во нова фаза. Имено , во ко-организација на Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро при МЖСПП и UNECE , MIO ECSDE i GWP Medditteranian на 2 ноември во Охрид започнува првата фаза од процесот за прекугранично управување и заштита на басенот на реката Дрим, фаза наречена Дримски дијалог. Тоа е фаза во која политичкото и експертското милје од 5 земји ќе треба да излезат со заедничка визија за управување на овој важен воден басен, што пак ќе води до голем заеднички проект за заедничко управување. Искуствата и успесите на Проектот за Охридско Езеро проектот за Преспа кој е во тек , и проектот за Скадар ќе бидат носители на целата активност.На првиот Национален состанок , покрај претставниците на меѓународните институции ќе присуствуваат претставници на сите национални институции , претпријатија , научни установи со надлежност во управувањето со водите и претставници на сите локални самоуправи кои гравитираат во Дримскиот басен . Ова е колосална прилика конечно управувањето на водните ресурси да се стави во рамка и да се обезбеди квалитетна заштита и на подсливовите како што се Охридско и Преспанско Езеро, велат од Билатералниот секретаријат.












