Манчестер Јунајтед го совлада Кристал Палас со 2:0 со головите на Ван Перси и Руни, додека Челзи загуби на гостувањето во Ливерпул од Евертон со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Најтсмит во финишот на првиот дел.

Манчестер сити одигра реми без голови на гости кај Стоук, додека Арсенал забележа победа од 3:1 на гости кај Сандерленд. Тотенхем дома славеше над Норич со 2:0, а Хул и Кардиф, односно Фулам и ВБА одиграа нерешено 1:1.

Колото денеска ќе го комплетираат Саутемптон и Вест Хем, односно Свонси – Ливерпул.

По четири одиграни кола води Арсенал со 9 бода, колку што имаат уште и Тотенхем и Ливерпул, кој има натпревар помалку.

OhridNews