Премиер лигата ги избра 11-те фудбалери кои ја одбележаа сезоната во најсилната англиска лига. Очекувано во составот доминира новиот шампион Манчестер Јунајтед со четири фудбалери. Тотенхем и лондонските сини имаат двајца преставници додека Манчестер Сити, Евертон и Ливерпул по еден.


Од шампионскиот состав на “ѓаволите“ се наоѓаат Давид де Геа, Рио Фердинанд, Мајкл Карик и Робин ван Перси. Од Вајт харт Лејн во најдобрите единаесет место имаше за Герет Бејл и Вертонген, а од Стемфорд Бриџ за Еден Хазард и Хуан Мата. Најдобрата екипа ја комплетираат Луис Суарез, Лејтон Бејнс и Пабло Забалета.

Екипата на годината во Премиер лигата : Де Геа, Забалета, Фердинанд, Бејнс, Вертонген, Мата, Бејл, Хазард, Карик, Ван Перси и Суарез.

Мх.П.