Екипата на Манчестер Сити е нов лидер во Премиер лигата. „Граѓаните“ првото место го запоседнаа со победата над Тотенхем 4-1 на „Вајт Харт Лејн“.

Гол шоуто го започна аргентинскиот репрезентативец Кун Агуеро, на 2-0 зголеми Јаја Туре од пенал, а црвен картон заработи Денис Роуз. Во 54-та минута Един Џеко ја погоди мрежата за 3-0, почесниот погодок за “петлите“ го постигна Капоуне, Стеван Јоветиќ го врати водството од 4-1, а конечните 5-1 ги постави капитенот Винсент Компани.

Резултати : Астон Вила – ВБА 4-3, Челси – Вест Хем 0-0, Сандерленд – Стоук 1-0, Тотенхем – Мен Сити 1-4.

Табела : Мен Сити 53, Арсенал 52, Челси 50, Ливерпул 46…

Мх.П.