Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс изјави дека лигата нема намера да го врати правилото за пет замени.

Претходно за враќање на правилото на пет замени инсистираа главните тренери на Ливерпул, Јирген Клоп и на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Се верува дека можноста за пет замени го менува натпреварувачкиот биланс на натпреварот. Веќе имаше два гласа за ова прашање, и за обете беа поддржани три замени, односно враќање на историскиот модел. Не мислам дека нешто ќе се промени во иднина. Можеме да разбереме зошто ова е контроверзно. Особено ако вие, како Клоп и Гвардиола, играте во европски натпреварувања. – рече Мастерс.

Петте замени беа дозволени во периодот по принудната пауза поради коронавирусот, со цел да се избегнат повреди на играчите кои беа надвор од тренажниот процес.

OhridNews