Премиер лигата загуби уште еден играч за наредната сезона, но доби нова легенда откако Фил Невил одлучи да се повлечи од фудбалот.

Помладиот од браќата Невил кариеата ја помина во два клубови и тоа Манчестер Јунајтед и Евертон. Тој на „Олд Трафорд“ пристигна со легендардната генерација на Сер Алекс Фергусон која ја покори Европа во 1999 година.

Невил го напушти Јунајтед по десет години, а со него освои шест титули во Премиер лигата и реши да се пресели на „Гудисон Парк“.

Со Евертон не успеа да освои титула во Премиер лигата, но се избори за место во легендите, а ништо чудно поранешниот менаџер на „карамелите“ Дејвид Мојс, кој сега е на чело од Јунајтед да го повика Невил како помошник.

Мх.П.