Градски театар Охрид, пред
новата година, ќе ги изненади најмладите со една урнебесна, новогодишна
комедија за деца и млади „Палавковци и Дедо Мраз“ во режија на Софија
Ристевска.

Претставата ќе се игра во центарот за култура „Григор Прличев“ во
11:00, 13:00 и 17:00 часот во големата сала.

Билетите за претставата можатда се купат на касата на центарот за култура, по цена од 60 денари.


Во соработка со Градскиот театар, Центарот за култура
“Григор Прличев” и Локалната самоуправа, Црвен крст Охрид ќе овозможи и
лицата со хендикеп организирани во Здружението на глуви и наглуви,
Здружението на лица со оштетен вид, Здружението на родители на деца со
церебрална парализа, децата од дневните центри „Порака“ и „Добротољубие“
да ја проследат новогодишната театарска претстава. Воедно, на овие деца
Градоначалникот на Охрид ќе им подели новогодишни пакетчиња.

OhridNews