Балетска претстава за деца “ПАЛЕШКА”, работена  според истоимената детска бајка на Ханс Кристијан Андерсен, денеска премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Во претставата учествуваат членовите од Балетското студио “Визави”, кое веќе четири години функционира во рамки на охридскиот Центар за култура, раководени од кореографот Јулија Милевски.

Претставата која трае 45 минути, започнува во 18 часот. Цена на билетот е 100 денари.

Проектот е подржан од Министерството за култура.

OhridNews