На националниот сервис, денеска во 17.45 часот, премиерно ќе биде прикажан документарниот филм посветен за Тиквешкото востание, во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски.

Непосредно по Првата Балканска војна, 150 кавадарчани се врзани на колци во центарот на градот од страна на тогашната окупаторска власт и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Во филмот се прикажани и злоделата на домашните предавници.

Наредната недела се очекува и тв премиерата за Охридското Востание.

OhridNews