Време, вода, наследство: Охрид е динамичен документарец посветен на 70 години Охридски пливачки маратон – спорт што ја мери човечката издржливост, волја и амбиција.

 

По сценарио и режија на Илија Пиперкоски, филмот преку ретки архиви и нови интервјуа со легендите Дики Бојаџи, Теодора Раптис, Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев,и 11-кратниот победник Петар Стојчев, филмот ја реконструира еволуцијата на маратонот: од пионерските години и подвигот на Атина Бојаџи на Ла Манш, до славните деведесетти и денешните предизвици.

Патуваме преку маратоните од Охрид до Бејрут, Александрија, Капри–Неапол, Санта Фе и Парана во Аргентина, за да разбереме зошто секој маратонец сака да победи токму тука – на Охридскиот пливачки маратон и што е потребно за да се роди следната генерација на маратонци, вели авторот.

Проекцијата на документарниот филм по повод 70 години маратонско пливање во Охрид, ќе се одржи вечерва,  28 август, во 21:15 часот во предворјето на црквата Св. Софија.

Г.М.