25 ученици од охридската гимназија, утре, во Центарот за култура „Григор Прличев“, премиерно ќе ја изведат претставата „Г- ѓа Министерка“, работена според текст на познатиот српски комедиограф, сатиричар и критичар, Бранислав Нушиќ, а во режија на професорката по македонски јазик, Светлана Голабоска.

Како што потенцира професор Голабоска, вистинско задоволство е да се работи со средношколците, пред се поради нивната голема желба и посветеност во подготвувањето на претставата.

И покрај бројните секојдневни обврски, учениците максимално се вложија со цел да подготвиме интересна претстава која се надеваме дека ќе остави одличен впечаток кај публиката. Претставата е работена според делото на Нушиќ, но ние внесовме и одредени современи елементи во однос на сценографијата, вели професор Голабоска.

Претставата ќе започне во 19 часот, а цена на влезниците е 50 денари.

OhridNews