Охридските Колибри претпреа тесен пораз на премиерниот меч во третата кошаркарска лига. Охриѓани беа поразени во Скопје од Феникс со 70-64 ( 9:15, 16:10, 22:18, 23:21).


По одличниот старт по првиот период, во вториот колибрите подзастанаа и на одмор се замина егал 25-25. Домаќините продолжија да го кршат отпорот на охриѓани, кои во третиот период се најдоа и во негатива од 14 поени.  Ниту таквата серија не ги поколеба “сините“, и со мирна игра не само што ја анулираа предноста туку и во финишот влегоа со плус шест.


Но не успеаа да го издржат темпото до крајот, со серијата во најмала рака чудни судиски одлуки и среќните поени, домаќините го завртеа резултатот во своја корист и успеаа да слават на воведниот натпревар во лигата. Најефикасен во охридскиот тим беше Иво Христовски со 18 уфрлени поени.

Во второто коло, Колибри на домашен терен ќе ја пречека екипата на Кичево.

Ohridnews