Драмското студио „Цвет 75“ на 13 јуни, четврток, во просториите на Институтот за филм во 20 часот, премиерно ќе прикаже нови кратки филмови за деца, изработени од членовите на драмското студио во кое членуваат деца на возраст од 8 до 12 години.
Публиката ќе може да ги проследи филмовите: „Новата Марија“-филм по сценарио на Марија Јанкоска, во кој се зборува за Марија која е популарна и начинот на кој таа се однесува со останатите деца.
„Смешни глупости“-филм по сценарио на Надица Петреска, кој е составен од повеќе досестки и смешни постапки, претставени како пародија.
„Озборување“-филм по сценарио на Хана Асим. Филмот зборува што се случува кога ќе се вплетка некој во мрежата на сопствените озборувања, но го бара и мотивот зошто некоја личност озборува.
„Сестри“-Филм по сценарио на Стефани Шапевска. Филмот зборува за различните карактери критикувајќи ја прекумернота алчност и себичност, но и тешкотијата да ги прифатиме навиките на другите.
„Нешто за Охрид“-документарен филм за Охрид.Опфатени се неколку места во Охрид ,прикажани преку детската љубопитност.
OhridNews













