Премиера на првиот краткометражен документарен филм „Обичен Херој“ од Јован Цветкоски во сабота, 25 октомври, во Филмскиот институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св. Апостол Павле“), во големиот амфитеатар со почеток во 19:30 часот.

„Обичен Херој“ ја раскажува вистинската приказна на Дмитар Свилар – човек со повеќе од 200 дарувања на крв, кој спасува животи додека самиот живее тивко, скромно и со непоколебливо достоинство. Филмот е мој обид да ја раскажам човечноста што често не ја забележуваме, да покажам дека херојството може да биде тивко, обично, но длабоко човечко, вели Цветкоски.

По проекцијата, информира Цветкоски, ќе следи дискусија и Q&A, со Ѓоко Симјаноски како модератор, а пред проекцијата ќе биде поставен инфо-штанд на Црвен Крст Охрид за сите кои сакаат да дознаат повеќе за крводарувањето.

Филмот ќе има превод на англиски јазик.

OhridNews