Премиера на најновиот македонски филм на Милчо Манчески „Сестра, брат и шахта“ во четврток 03.12.2026 година, пред охридската публика. Проекцијата во Центарот за култура „Григор Прличев“ е закажана за во 20 часот, а цената на картите е 300 денари.

Станува збор за сатира за брат и сестра на маргините на општеството кои преживуваат крадејќи и продавајќи споменици и шахти.
Главни улогите ги играат: Сара Климоска (Малина), Филип Трајковиќ (Виктор), Соња Михајлова (Тодора), Петар Мирчевски (Бред Пит), Дејан Лилиќ (д-р Миле Ребит), Јордан Симонов (Панче) и Јасмина Василева (Ружа).
Продуцент на филмот е Јане Кортошев, а филмот трае 116 минути.
Карти може да се набават на билетарата при Ценатрот за култтура секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на прикажување на проекцијата.
OhridNews











