Со емитувањето на првата емисија на „You tube“ каналот, официјално започна новиот поткаст насловен како „Имам нешто да ти кажам“, најавен како нова платформа за младите во Охрид. Водител е Јован Цветкоски, а гостин во првата емисија е музичкиот уметник и водител Јане Тодороски.
Разговараме на разни теми, разни луѓе и области, за култни места и настани, конструктивна критика за општеството и потребите на луѓето… – вели водителот Цветкоски.
Идејата за проектот е на Јован Цветкоски, а ја разработува со Виктор Крстаноски и Шила Кафе Бар.
OhridNews











