Центар за култура „Григор Прличев“
Од 12.12.2020 - 18:00 до 12.12.2020 - 19:30
НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид – Народен Театар Охрид, ја најавуваат премиерата на новата претстава “Сопружници” од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.
Во претставата играат: Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски, Борис Далчев, Ванчо Василев…
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите. – вели режисерката Драгана Таневска


OhridNews












